Преку непрекината комуникација со претставници на македонските организации во дијаспората, Делчево ја зацврстува соработката на повеќе полиња. Денеска, градоначалникот оствари средба со дијаспората, на која се разговараше за иницијативата за возобновување на манифестацијата посветена на патронот на општината, Гоце Делчев.
„Делчево има света обврска ликот и делото на Гоце Делчев да ги негува, афирмира и развива во денешни услови“, истакна градоначалникот, додавајќи дека со заеднички сили, како во Македонија така и низ светот, може да се врати вистинскиот сјај на оваа манифестација.
Тој се заблагодари за конструктивниот придонес на соговорниците и најави дека работат на тоа иницијативата да биде реализирана на високо ниво, како во квантитет, така и во квалитет.


