За време на Светскиот економски форум во Давос, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку видео ја прикажа собата во која е сместен. Тој ја опиша како скромна и практична, но истовремено додаде: „Убаво е во Клостерс и Давос, најубаво е во Србија! Со нетрпение чекам да се вратам во мојот Белград.“
Во видеото тој исто така нагласи дека креветот за спиење му бил краток, што предизвика дополнителни реакции. Видеото брзо предизвика лавина негативни коментари од српските граѓани на социјалните мрежи, кои реагираа со критики и иронија за начинот на неговото обраќање и престој на самитот.


