Неверојатен случај во Хрватска: Две банкарки краделе пари од сметките на клиентите 20 години
Две банкарки од Осиек, Хрватска се уапсени под сомнение дека проневериле речиси 2,4 милиони евра од банката во која работеле речиси две децении, објави хрватската полиција Според извештаите, Службата за економски криминал и корупција на Полициската управа Осиек-Барања спровелА кривична истрага против 58-годишна жена од Осиек и 53-годишна жена од околината. Тие се осомничени за злоупотреба на довербата во деловните трансакции и фалсификување на службени или деловни документи. Спротивно на правилата на банката, тие си исплаќале пари од сметките на клиентите со цел да добијат нелегална имотна корист.
За да прикријат незаконски дејствија, тие создале и потпишале лажни и фалсификувани документи, кои потоа ги претставиле како автентични. На овој начин, постои сомнеж дека ја оштетиле банката за вкупно 2.393.296,50 евра.


