По речиси два месеци блокади, во текот на денешниот ден грчките земјоделци конечно ги повлекоа своите трактори од граничниот премин Евзони. Одлуката за прекин на протестите доаѓа по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, каде земјоделците ги разгледаа понудените решенија и донесоа одлука за постепено повлекување од патиштата.Се очекува до утре сите сообраќајници да бидат целосно проодни, а тракторите да бидат тргнати од улиците. Со ова се става крај на прекините во сообраќајот кои траеја од 1 декември, кога земјоделците од северна Грција го блокираа влезот и излезот од земјата.


