Србија повторно не се усогласи со декларациите на ЕУ

0
56

Србија уште еднаш отстапи од заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, одбивајќи да се потчини на четири декларации. Ова се однесува на продолжувањето на санкциите против Русија поради конфликтот во Украина, како и на воведувањето нови критериуми за санкционирање индивидуи од Белорусија. Информацијата е објавена на интернет-страницата на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС).
Според документите, Србија не го прифати предлогот за продолжување на ограничувачките мерки против Руската Федерација за дополнителни шест месеци, односно до 31 јули 2026 година. Исто така, земјата не се согласи со предлогот за додавање на уште две лица на листата на санкционирани.
Овој предлог на Европската унија беше поддржан од Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина.

Покрај тоа, Србија се дистанцираше и од рестриктивните мерки кои предвидуваат додавање на 41 брод, особено танкери за превоз на нафта, кои се дел од таканаречената „флота во сенка“, на листата на санкционирани субјекти.