Дванаесет годишниот Јован Лесовски од селото Ветрен кај Делчево е соочен со животни предизвици со кои тешко можат да се справат и возрасни. Тој живее сам, цепи дрва, меси леб, готви, чисти и ги врши сите останати домашни работи а во меѓувреме е и ученик. Неговата мајка е почината пред 3 години а таткому во моментов се соочува со сериозен здравствен проблем и е во болница каде го чека операција…


