По подолг период конечно Градската депонија Острец во Делчево е исчистена. Новото раководство на ЈКП „Брегалница“ за краток период успеа да реши проблем кој ги засегаше сите делчевчани со оглед на последиците од неажурното менаџирање со градската депонија.
„Ниту сега ниту во иднина нема да дозволиме депонијата да изгледа како до сега. Превземена е акција секоја среда и петок во континуитет да се чисти градската депонија за да се намали ризикот од палење и предизвикување на штетни последици врз здравјето на граѓаните на Делчево. Остануваме доследни на граѓанските интереси во овој и во сите останати случаи.“, изјави директорката Марија Сумрачка.


