Започна традиционалниот карневал „РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ 2026“

0
58

Ратево повторно оживеа во знакот на смеата, маските и автентичниот хумор со одржувањето на традиционалниот карневал „Ратевски бамбурци“. Настанот ги собра мештаните и бројните гости кои, маскирани во креативни и сатирични костими, продефилираа низ селото, пренесувајќи пораки преку шега, фолклор и локални обичаи.
Карневалот „Ратевски Бамбурци“ е препознатлив по својата оригиналност и по зачувувањето на малешевската традиција, каде хуморот и народниот дух се пренесуваат од генерација на генерација.
Синоќа по традиција Ратевските Бамбурци се симнаа на сред село проследени со зурли и тапани, со што и официјално започна карневалот „Ратевски Бамбурци 2026“, пренесува Малешнет.