„Запален само еднаш“ Оглас за автомобил кој стана хит на социјалните мрежи

0
61

Меѓу корисниците на социјалните мрежи, реклама за половен автомобил деновиве стана вистински хит, насмејувајќи многумина до солзи.
Не поради самото возило, туку поради описот што неговиот сопственик одлучил да го стави во огласот, кој многумина го прогласија за еден од најлудите досега.
Имено, автомобилот има целосно изгорен капак на моторот, но сопственикот на ситуацијата ѝ пристапил со доза на хумор. Во огласот, тој кусо напишал дека продава возило кое било „запалено еднаш“, што било доволно рекламата експресно да се прошири на интернет.
Фотографијата била споделена на Инстаграм-профилот „Класичар“, по што коментарите почнале да се редат еден по друг. Дел од корисниците се пошегуваа дека станува збор за „сигурна инвестиција“, додека други иронично забележаа дека автомобилот бил „запален еднаш – и никогаш повеќе“.
Огласот брзо стана вирален, а многумина го пофалија сопственикот што успеал да најде простор за хумор во незавидна ситуација и покажа дека дури и изгорен капак на моторот може да се гледа со доза на (само)иронија.