Грчките земјоделци незадоволни од средбата со Мицотакис, најавија продолжување на протестите

0
59

Продолжување на земјоделските протести најави претседателот на Обединетата федерација на земјоделски здруженија на Лариса, Ризос Марудас, во разговор за ERTnews, Како што спомена, неодамнешната средба со владата не донесе никакви суштински изненадувања,бидејќи „нејзините намери беа веќе познати“. Според него, владината политика не дозволува ниту примарниот сектор, ниту грчкото село да застанат на свои нозе.
Осврнувајќи се на размислувањата за следните форми на борба, Ризос Марудас нагласи дека протестите можат да станат поефикасни кога се поврзани со луѓето и другите општествени актери.
„Имаме заеднички интереси и заеднички противник. Нашата борба може да стане посилна кога ќе се пренесе во градовите“, рече тој, оставајќи отворена можност за акции во урбаните центри, без сепак да најави конкретни потези.