Наскоро , синџирот маркети Кит Го ќе се ребрендира и ќе премине во познатиот бренд Spar, велат информации на Тв Стар кои можат да се видат и на социјалните мрежи. Кит Го маркетите, 58 низ целата држава, за околу 60 милиони евра беа купени од косовската компанија Вива Фреш но сеуште работат под брендот Кит Го.
Сега, веројатно тоа ќе се смени бидејки Вива Фреш веќе е сопственик на SPAR Албанија но и на македонскиот дел од Студио Модерна. За појаснување, до пред извесно време,SPAR беше во сопственост на албанската компанија Балфин која пак е сопственик на големиот шопинг мол во земјава Skopje East Gate, што е најголемата приватна инвестиција од ваков тип во земјата. Освен него, Балфин располага и со резиденцијални згради со над 600 станови, како и деловен парк со модерни канцеларии.
Самото КИТ-ГО ДООЕЛ Штип, пак, има поврзани друштва на пазарот во земјава и тоа друштвото за трговија, угостителство и услуги ТАЛФА ДООЕЛ ШТИП со регистрирано седиште во Штип како и друштвото за трговија и услуги ТДЕЛТА-ИНГ 2017 ДООЕЛ, исто така од Штип,и со истата дејност.


