Истражуивањата на анонимно-криптираните платформи „Скај“, „АНОМ“ и „ЕнкроЧат“ кои ги користат Балканските нарко-картели откриваат јасни индикации за соработка меѓу балканските кланови и добавувачи на кокаин од Јужна Америка, вклучително и контакти поврзани со Венецуела. Меѓународните истраги ги третираат балканските криминални структури како единствена мрежа, позната како Балкански картел, која ги опфаќа групите од Црна Гора, Србија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Групите, од 2020-та до сега се сомничат за корупција во пристаништата, посредување, транспортирање и шверц на десетици тони кокаин во соработка со картелите Синалоа и Зетас.


