Од 16 јануари во Косово започнува строга примена на Законот за сообраќај, според кој возилата со странски регистарски таблички не можат да учествуваат во сообраќајот во Косово повеќе од три месеци или врз основа на овластување Во исто време, ќе се започне со строга примена и Законот за странци кога станува збор за лични документи, односно сите оние кои немаат дозвола за престој на Косово ќе мора да аплицираат за дозвола за престој во рок од 72 часа.
Овие мерки ќе влијаат на членовите на српската заедница што живее во Косово, кои досега возеа автомобили со регистарски таблички на град во Србија со овластување или немаат косовски документи.


