Ниската откупна цена на млекото предизвика сериозни проблеми во хрватскиот млечен сектор. Во текот на минатата година околу 200, главно помали, млекопроизводители ги затворија своите фарми, со што бројот на активни производители се намали за околу 10 проценти. Според здруженијата, со откупна цена од околу 50 центи за литар – една од најниските во Европа – малите фарми не можат економски да опстанат. Самоодржливоста на Хрватска во производството на млеко е нешто над 40 проценти, а трендот на намалување на домашното производство се очекува да продолжи и во 2026 година, пренесува порталот Економија и бизнис.мк.


