Словенија воведува револуција во работата: Ќе работат по модел „80-90-100“

0
69

Од 1 јануари 2026 година, Словенија воведe нов работен модел наречен „80-90-100“, кој носи значајни промени за постарите работници и за оние со долго работно искуство. Тој е дел од поширока реформа на пазарот на трудот, чија цел е да се задржат искусните вработени на работа, со подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Новиот систем вклучува три клучни ставки:
80% од работното време – вработениот работи со пократко работно време (на пр. четири дена во неделата или шест часа на ден),
90% од платата – прима речиси целосна плата и покрај тоа што работи помалку време,
100% од придонесите – пензиското и здравственото осигурување се плаќаат како да е вработен со полно работно време.
Со други зборови, работниците добиваат повеќе слободно време без значителна загуба на приход или идни пензиски права.
Право на овој режим на работа имаат работници постари од 58 години или оние со најмалку 35 години стаж.

Вработените ќе можат да изберат како да организираат скратено работно време, вклучувајќи: еден слободен ден во неделата, долг викенд, или пократок работен ден во текот на целата недела.
Оваа флексибилност е особено важна за физички понапорни работни места и сектори со големо оптоварување за вработените.