Мушмула – природна ризница за здравје и енергија во студените денови

0
67

Мушмулата, позната и како „дива круша“, е овошје кое потекнува од Азија, а во Европа се одгледува уште од 200 година пред Христос. Иако не е многу популарна, таа е вистинска ризница на витамини, минерали и пектини кои помагаат за здравје на организмот.
Мушмулата е богата со витамин Ц и природни шеќери, ги зајакнува десните и ја подобрува крвната слика, а истовремено помага при проблеми со варење, опстипација и холестерол. Народната медицина ја препознава и како природно средство за подобрување на видот, зајакнување на коските и превенција на кардиоваскуларни и канцерогени заболувања.
За домашен деликатес: исечете килограм мушмули, прелејте ги со половина литар вода во која сте растопиле килограм шеќер, варете еден час на тивок оган, па ставете во тегли и херметички затворете. Јадете по еден децилитар неколку пати на ден за здравје и енергија во студените денови.