Мицотакис ќе се сретне со земјоделците во понеделник под услов патиштата да останат отворени

0
65

Постои начелен договор за средба на земјоделците со премиерот в понеделник во 13 часот, под услов сите патишта да останат отворени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите , јави дописничката на МИА од Атина.
Мнозинството од грчките земјоделци, кои, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, но по вчерашниот состанок одговорија позитивно на поканата за дијалог.Земјоделците од сите 62 блока низ цела Грција вчера одржаа состанок и одлучија нивна делегација од 25+5 лица, претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите да се сретнат со грчкиот премиер на датум што ќе биде одреден од Владата.
Владата посочи дека главен предуслов за средбата в понеделник е патиштата низ цела Грција да останат отворени, но и на состанокот да не учествуваат земјоделци кои покажале деликвентно однесување.