СВР Штип со превентивна активност кај постарите граѓани за заштита од измами

0
73

Полициски службеници од СВР Штип спроведоа низа превентивни активности на територијата на регионот со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на повозрасните граѓани од измами.

Во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПСОН Штип реализираа превентивна активност во просториите на Здружението на пензионери. На повозрасните граѓани им беа објаснети најчестите измами, како лажни повици од „полициски службеници, адвокати, обвинители или лекари“ за наводна сообраќајна незгода, при што се бараат пари. Граѓаните беа советувани веднаш да го прекинат разговорот и да пријават во полиција на 112 или 192.

Во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип, преку директна комуникација и едукативни летоци, ги информираа граѓаните за почитување на сообраќајните правила. Посебен акцент беше ставен на тоа пешаците да ја преминуваат улицата внимателно, без користење на мобилен телефон, а возачите да управуваат технички исправно возило и редовно да вршат проверки.
На територијата на Кочани и Виница, пак, граѓаните беа информирани за ризиците и последиците од управување возило под дејство на алкохол.