Романската патријаршија категорично против легализацијата на проституцијата

0
102

Романската патријаршија јасно го изрази својот став против иницијативата за легализација на проституцијата,
Во официјалното соопштение, црквата ја опишува проституцијата како „сериозна форма на експлоатација и комерцијализација на човечкото тело за финансиска добивка“, која носи длабоки негативни последици за поединецот, но и за целото општество Патријаршијата предупредува дека легализацијата не само што не ги решава социјалните проблеми поврзани со оваа практика, туку напротив – ги продлабочува: „Таа поттикнува занемарување на човечкото достоинство и води кон морална деградација на општеството.“
Црквата ја потсетува јавноста и на меѓународната обврзаност на Романија. Како потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за сузбивање на трговијата со луѓе, државата е должна да ги забрани сите облици на организирана проституција.