Претставници од Месната заедница во с. Габрово и лица ангажирани преку Програмата за извршување јавни работи на Општина Делчево со заедничка акција ја исчистија јавната површина околу селската џамија од отпад и дивоизрасната вегетација. Акцијата беше реализирана по барање на Советот на МЗ и е еден од приоритетните проблеми што се решаваат во селото, со цел создавање почиста и поздрава животна средина.
Градоначалникот Гоцевски истакна дека оваа активност е добар пример како иницијативите на граѓаните, преку месните заедници, можат брзо да се претворат во конкретни акции со поддршка од Општината.
– Ова е само една акција и верувам пример кој ќе го следат и другите месни и урбани заедници. Изразувам задоволство од начинот на кој сето тоа се организираше и од ангажираноста на новоформираната МЗ која покажа како може да се сака родното место и со заедничка акција и поддршка од Општината, да се одговори веднаш и на задоволство на сите. Сакам да нагласам дека сите иницијативи од месните или урбаните заедници за мене ќе бидат приоритети за решавање, но, најважно е што жителите покажуваат иницијатива, а општината е тука да им помогне, порача Гоцевски.
Home МАКЕДОНИЈА Делчево: Иницијатива на жителите, поддршка од Општината – решен приоритетен проблем во...


