80-годишен дедо во Сплит фатен со 11 пакетчиња кокаин

0
69

80-годишен човек од хрватскиот град Сплит минатата недела бил фатен со 11 пакетчиња кокаин. Тој е осомничен и за продажба на пакетче дрога од половина грам, пренесува „Далматински портал“.
Осомничениот тврдел дека дрогата, која полицајците му ја нашле дома, е за негова лична употреба и дека ја користел „за здравје“, како и дека откако почнал да шмрка – „се преродил“.
Тој добил куќен притвор под контрола на уред за мониторинг поставен на ногата. Поради тоа што живее сам, неговиот сосед ќе му носи храна и други потребни работи, велат од Судот додавајќи дека во куќен притвор осомничениот е испратен поради тоа што имало можност да го повтори делото.