Бугарија добива огромна воена база, една од најважните за НАТО во регионот!

0
57

Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов и неговиот италијански колега Гвидо Кросето потпишаа договор за заедничка изградба и користење на воени објекти на територијата на воениот округ Кабиле.Бугарија добива огромна воена база, една од најважните за НАТО во регионот!

Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов и неговиот италијански колега Гвидо Кросето потпишаа договор за заедничка изградба и користење на воени објекти на територијата на воениот округ Кабиле.
Поради својата локација, инфраструктура и воздушни, копнени и водни капацитети, базата во одреден момент би можела да се покаже како поважна дури и од германскиот Рамштајн, полските бази во Реџиково и Јасионка романската Михаил Когалничеану, италијанската воздухопловна база Авијано и турската Инџирлик. Областа околу Кабиле е многу погодна за воена база, пишуваат бугарските медиуми.