Прогласена е вонредна состојба во девет општини во Србија, односно на целата територија на градовите Лозница, Ваљево, општините Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Владимирци, Мајданпек, Сјеница, како и на дел од територијата на општина Пријепоље, соопшти Секторот за вонредни ситуации (СВС) при МВР.
Од почетокот на снежните врнежи, од 4 јануари до утрово во 6 часот, секторот за вонредни ситуации имал 72 интервенции, со ангажирани 175 пожарникари-спасувачи, 77 возила, 19 пумпи и три чамци, пренесува РТС.
Најголемиот број интервенции се однесувале на отстранување на паднати дрвја (45), цедење вода и асистенции на тимовите на Итна помош. Од 4 јануари до денес се евакуирани 30 лица.
Помошникот на началникот на Управата за пожарникарско-спасувачки единици, Давор Видовиќ, изјави дека и натаму има проблеми со снабдувањето со електрична енергија во Мачванскиот, Колубарскиот, Златиборскиот, како и во Моравичкиот и Борскиот управен округ.
Видовиќ истакна дека патиштата од прва и втора категорија во Србија се проодни, иако на нив има остатоци од снег со висина до 5 сантиметри во растопена состојба.


