Словенија официјално ја повика Хрватска на разговори за состојбата во Јадранското Море, откако Италија неодамна прогласи исклучив економски појас, со што, според Љубљана, во Јадранот повеќе нема меѓународни води.Италија ја започна постапката за прогласување исклучив економски појас уште во 2020 година, а по одлуката на Хрватска од јануари 2021 година да го направи истото, Рим и Загреб во 2022 година потпишаа договор за разграничување на овие зони.
Словенија, која според одлуката на Арбитражниот суд од 2017 година нема право да прогласи сопствен исклучив економски појас, уште тогаш предупреди дека ваквите чекори не смеат да ги нарушат нејзините права гарантирани со меѓународното и европското право. Хрватска, пак, не ја признава арбитражната одлука.


