Милановиќ: Французите ни подметнаа користени авиони, а на Србија ѝ продадоа нови

0
30

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, остро ја критикуваше владината политика за воена помош на Украина и набавката на странско вооружување, обвинувајќи ја владата дека истовремено ја опструира изградбата на хрватските патролни бродови
Говорејќи во Чаковец, Милановиќ изјави дека владата се пофалила оти ѝ „испорачала“ на Украина 15 милиони евра, сума која, според него, „не е доволна ниту за греење на една касарна за еден месец“.

Претседателот остро ја критикуваше и набавката на странско вооружување.
„Французите ни подметнаа користени авиони, а на Србија ѝ продадоа нови“, изјави Милановиќ, алудирајќи на купувањето на француските борбени авиони Dassault Rafale, поради што, според него, Хрватска сега мора дополнително да купува нова опрема. „Тоа ли е сојузништво, тоа ли е партнерство? Тоа не се прави“, рече тој.