Полициската управа во Мурска Собота била известена во 9:40 часот наутро дека непознато лице напаѓа минувачи со нож во училиштето. Полицијата и кривичните истражители веднаш биле испратени на местото на настанот.
Медиумот „Соботаинфо“ објавил дека ученик од прва година наводно чекал ученичка од четврта година во ходникот, а потоа ја нападнал и ја избодел. Напаѓачот потоа наводно го напуштил училиштето и се упатил кон дом за стари лица, но бил уапсен од полицијата.
Полицијата соопштила дека нападнатата ученичка е полесно повредена и е однесена во болница, а директорот на средното училиште изјавил за 24ur дека ситуацијата сега е под контрола.
Учениците велат дека полицијата пронашла документи односно некаков вид списоци во училишниот тоалет што би можеле да бидат поврзани со нападот.


