Газдата на „Дурмо турс“ во затвор, одговорниот на возниот парк се уште во бегство

0
74

По неколку одложувања, Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“ од вчера конечно е во затворот „Идризово“. Информацијата за порталот Сакам да кажам ја потврди директорот на затворот, Зоран Јовановски.
Тој треба да одлежи казна од 10 години затвор за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16, а беа повредени 30 лица.
Белули го одложуваше одењето во затвор во неколку наврати, поради операции на тестисите.
Поради операција на тестис одењето во затвор го одложуваше и одговорниот на возниот парк во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, исто така осуден на 10 години затвор, кој на крај избега и се уште не е достапен на органите на прогон. За него има и потерница.