Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

0
86

Во подрачјето на Херцеговина, во последните 24 часа, семејни куќи и населби се поплавени, реките се излеале и има лизгања на земјиштето, па затоа прогнозите за нови, уште пообилни врнежи од дожд предизвикуваат загриженост кај граѓаните и властите.Според метеоролошките прогнози, локално се очекуваат повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што може да предизвика ненадејни поплави, излевање на реките и нови лизгања на земјиштето. Таква количина на врнежи од дожд е забележана во есента 2024 година, кога последиците во БиХ беа трагични со 27 смртни случаи.