Во чест на починатите, херојот од трагедијата во Пулс – возачот Иле Гоцевски и Стивен Ивановски кој почина во швајцарската дискотека за Нова Година, традиционалната Сурова во с. Звегор годинава ќе биде хуманитарна.
„Болката за сите нас во Звегор, Делчево и целата македонска дијаспора особено во Швајцарија е огромна поради загубата на Иле Гоцевски и Стивен Ивановски, но сметаме дека традицијата мора да продолжи бидејќи таа е вековна. Кумовите на годинешнава Сурова се во Швајцарија и детална одлука на кој начин годинава таа ќе биде организирана ќе се знаат до крајот на неделата кога тие ќе се вратат.“, велат од организацискиот одбор за ТВ Стар.


