Иако често е непријатно за нас и за луѓето околу нас, подригнувањето е сосема природен механизам со кој организмот се ослободува од воздухот што сме го проголтале при јадење или пиење. Со тоа се спречува претерано ширење на желудникот. Сепак, доколку подригнувањето станe често и е придружено со други симптоми, неопходно е да се побара лекарска помош.
Најчесто голтаме воздух кога јадеме или пиеме пребрзо, консумираме газирани пијалаци, брзо дишеме или се смееме. Одредени намирници богати со скроб, шеќери и влакна, како и дигестивни нарушувања или жгарavica, исто така можат да придонесат за почесто подригнување.Како да го намалиме подригнувањето?
Подригнувањето најчесто се јавува по оброк. Доколку тоа ви се случува често, можат да помогнат неколку едноставни совети:
– лесна прошетка или благи вежби по јадење за да се поттикне варењето,
– легнување на страна или привлекување на колената кон градите,
– земање антацид при жгарavica,
– чај од ѓумбир или камилица по оброк,
– избегнување активности што доведуваат до брзо голтање воздух, како пребрзо пиење или смеа за време на јадење.
Може ли да се спречи?
Подригнувањето може да се намали со промена на навиките: јадете побавно, не зборувајте додека џвакате, избегнувајте сламки и газирани пијалаци, јадете помали оброци и не џвакајте гуми за џвакање. Намалете го внесот на намирници како леќа, брокула, кромид, зелка, интегрален леб, банани и засладувачи како сорбитол и ксилитол. Доколку имате интолеранција на лактоза, избегнувајте млечни производи или користете ензим лактaза.
Промена на животните навики
Престанокот со пушење, контролата на стресот и лекувањето на затнат нос или синуси може значително да помогнат. Стресот и анксиозноста често водат до поголемо голтање воздух и појава на жгарavica, што го влошува подригнувањето.
Кога подригнувањето е знак за болест?
Иако најчесто е безопасно, честото и неконтролирано подригнување може да укажува на здравствени состојби како:
– гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ),
– инфекција со Helicobacter pylori и чир на желудник,
– гастритис,
– синдром на иритабилно црево (IBS),
– интолеранција на лактоза,
– хијатална хернија.
Овие состојби обично се придружени и со други симптоми, како болка во желудникот, жгарavica, надуеност, мачнина или нарушено варење.
Заклучок:
Подригнувањето е нормален дел од секојдневието и неколку подригнувања по оброк не се причина за загриженост. Но, доколку станe често, непријатно и неконтролирано, особено ако е придружено со болки или хронична жгарavica, потребно е да се консултирате со лекар. Со мали промени во исхраната и начинот на живот, овој проблем во многу случаи може значително да се намали.


