Заборавете на соларните панели: Овие огледала се поставуваат на кров и произведуваат електрична енергија и обезбедуваат питка вода

0
110

Футуристички проект на италијанското студио MASK Architects наречен „Fiji Solar Crown“, користи конкавно параболично огледало интегрирано во „круната“ на објектот, кое ја фокусира сончевата светлина во една точка и овозможува максимално искористување на сончевата енергија.

Системот не само што произведува електрична енергија, туку и собира и обработува дождовница, обезбедувајќи питка вода. Проектот е развиен како одговор на проблемите со недостиг на енергија и вода на пацифичките острови, особено на Фиџи, каде електричната мрежа често е нестабилна или непостоечка.