Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени

0
83

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ денес изјави дека Министерството за одбрана и српските вооружени сили се подготвени да ја вратат задолжителната воена служба и дека е подготвено законско решение кое наскоро треба да се достави во собраниска процедура.Гашиќ рече дека минатата година за таа цел биле донесени 125 објекти и дека е планирано да има 5.000 војници во првата и следните генерации кои ќе поминат 75 дена во воена служба, за што ќе бидат платени.
– Мажите ќе бидат обврзани да служат воена служба од 18 до 30 години, а жените ќе можат доброволно да служат воена служба, рече Гашиќ.
Тој истакна дека првите 60 дена од воената служба се планирани да бидат во касарни, а следните 15 дена да ги поминат во одредени кампски објекти.