Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на Новата година

0
100

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
И покрај сите напори на медицинските тимови, утрово било констатирано дека тоа починало.
Според досегашните информации од истрагата, детето било надвор со својата мајка додека гледале огномет, кога било погодено од метален проектил — најверојатно залутан куршум.
По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница. Прво било згрижено во Градската општа болница, а поради тешката состојба било транспортирано на Детската клиника. Лекарите констатирале сериозни повреди на мозокот и состојба опасна по живот. објави Скопје1.мк