Средствата потребни за операцијата на Кико се целосно обезбедени. Општина Пробиштип на седница донесе Одлука за обезбедување на дополнителни 400.000 денари, со што е заокружен вкупниот износ од 36.500 евра неопходни за реализација на интервенцијата.
“Голема благодарност до сите хумани граѓани и компании кои со своите донации дадоа значаен придонес, како и до советниците на Советот на Општина Пробиштип кои денеска ја поддржаа Одлуката за дообезбедување на средствата што недостигаа.
На Кико му посакуваме успешна операција, многу здравје и безброј насмевки во деновите што следуваат”, oбјави градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски.
Home МАКЕДОНИЈА Општина Пробиштип ги донираше дополнителните 400.000 денари за операцијата на Кристијан


