Очекуваниот животен век во Македонија се зголеми на 76,6 години, но демографските трендови остануваат загрижувачки. Во 2024 година се родиле 16.061 дете, а починале 20.201 лице, што значи намалување на населението за над 4.000 жители.
Позитивен природен прираст е забележан само во Скопскиот регион, најмногу во Сарај и Чаир, додека најголем пад има во Ново Село и Новаци. Истовремено, бројот на бракови е намален за 1.600, а разводите се зголемени на 2.024, со највисоки стапки во Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот регион.
Податоците се дел од „Статистичкиот годишник на РС Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика.


