Чаеви за чистење на црниот дроб: Пет билки што ја поттикнуваат неговата обнова

0
116

Здравјето на очите, срцето, мозокот, зглобовите и бубрезите во голема мера зависи од здравјето на црниот дроб. Тој е главниот орган задолжен за исфрлање на токсините од организмот, а нездравиот начин на живот, лошата исхрана, алкохолот и пушењето сериозно ја нарушуваат неговата функција.
Кога црниот дроб е оптоварен или оштетен, целиот организам трпи последици. Освен промените во навиките, природните чаеви од лековити билки можат да помогнат во неговото прочистување и обновување.
Најефикасни чаеви за чистење на црниот дроб
Чај од руса трева (росопас)
Се користи уште од античко време за детоксикација на црниот дроб. Го стимулира лачењето на жолчка, ги намалува грчевите и ја забрзува работата на „мрзлив“ црн дроб. Се пие еднаш дневно, со задолжителна пауза по две недели.
Чај од корен од цикорија
Помага во чистење и заштита на црниот дроб и жолчката. Корисен е кај жолтица, воспаление на жолчната кеса и камења. Особено се препорачува кај лица со слаб апетит.
Чај од корен од глуварче
Го поттикнува создавањето на жолчка и има диуретско дејство. Често се користи кај масен црн дроб, зголемен холестерол и цироза.
Чај од нане
Го олеснува протокот на жолчка, ја подобрува дигестијата и помага во разградување на мастите. Делува поволно на целиот дигестивен систем, но не се препорачува за бремени жени.
Чај од киселица (штaвел)
Во мали количини помага при регулирање на жолчката, намалување на воспаленија и исфрлање камења од жолчната кеса. Не се препорачува за бремени жени и доилки, ниту во големи количини.
Дополнителни чаеви корисни за црниот дроб
Добар ефект имаат и чајот од јасмин, куркума, артичока, оолонг, како и зелениот и црниот чај.