Косово : Убедлива победа на изборите на Курти, вети брзо формирање влада

0
89

Албин Курти вети брзо формирање влада откако неговата партија Самоопределување победи на вчерашните вонредни парламентарни избори во Косово. Според речиси 100% пребројани гласови, Самоопределување освои 49,3% гласови, што му носи трет мандат на Курти.Двете главни опозициски партии Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово (ЛДК) добија 21%, односно 13,6% гласови, со што има големи шанси да се стави крај на политичката криза која владееше во земјата од последните избори во февруари.
Резултатот од вчерашните избори значи дека Курти повторно нема доволно места во парламентот за да владее без коалициски партнери, но сега полесно ќе ги најде меѓу партиите на малцинствата, кои имаат загарантирани 20 пратеници.