Жителите од улицата Киро Кикенски број 18 се гневни на КЈП Водовод од Кочани. Девет месеца откако нивната улица е раскопана, таа е оставена недопрена и тие сега ќе бараат отштета за уништување на нивните возила. Испратените од нив фотографии го аргументираат кажаното и пред да се случат поголеми недоразбирања од Водовод и новиот директор бараат да го завршат она што не го завршиле нивните претходници. Велат дека ова не само што нема смисла туку и ги поминува сите граници.


