Израелската армија потврди тежок инцидент што ја згрози светската јавност. На окупираниот Западен Брег, израелски резервист прво испукал неколку куршуми, а потоа со возило удрил во Палестинец кој се молел покрај патот. Видеото од настанот се прошири со молскавична брзина на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина реакции и осуди.
Војската соопшти дека случајот е под итна истрага за да се утврди дали се прекршени правилата на службата.


