Илјадници граѓани, преку хартиени фенери ги испратија нивните желби за Новата година на традиционалната манифестација „Ноќ на желбите“ организирана од општина Атина, создавајќи магична атмосфера на општинскиот плоштад, јави дописничката на МИА од Атина. Плоштадот Коѕија пред општинската зграда каде што се наоѓа и божиќниот маркет, синоќа беше исполнет со илјадници насмеани лица на сите возрасти, кои подоцна, атинското небо го исполнија со над 3.000 хартиени фенери со нивните желби.Манифестацијата секоја година се одржува на Бадник, меѓутоа поради дождот во вторникот беше одложена и презакажана за вчера.


