Светиниоколчанец возел со 1,97 промили алкохол во крв

0
81

На 26.12.2025 во 01:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.М.(52) од с.Горобинци, светиниколско. При сообраќајна контрола на ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,97 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.