Кочанчанец бил агресивен и оштетил возило на жена

0
75

На 25.12.2025 во 13:30 часот во Полициската станица Кочани, И.З.(43) од Кочани пријави дека на 24.12.2025 околу 14:14 часот на ул.,,8 Септември“ во Кочани, А.Г.(31) од Кочани агресивно се однесувал кон неа, ѝ го оштетил возилото и ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.