Грчката крајбрежна стража соопшти дека бара исчезнато малолетно лице откако претходно спаси 52 мигранти во два одделни инциденти во Егејското Море , објави „Катиметини“.
Властите пронајдоа и спасија 13 странски државјани кои стигнаа до малиот остров Фармакониси во источниот Егејско Море, но еден млад мигрант е исчезнат од групата.Два брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер на воздухопловните сили го пребаруваат подрачјето.
Уште 39 мигранти беа пронајдени на брод на море 44 наутички милји јужно од Кали Лименес, Крит, и беа безбедно транспортирани до пристаништето на градот.
Грција, Кипар, Шпанија и Италија ќе имаат право на помош за справување со миграцискиот притисок според новиот механизам на ЕУ кога ќе стапи во сила договорот на блокот за миграција и азил кон средината на 2026 година.
Централно-десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека депортацијата на одбиените баратели на азил ќе биде приоритет.


