Во Собранието се доставени предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои се предвидува намалување на стапката на придонесот за здравствено осигурување за пензионерите кои се работно ангажирани. Со измените, стапката се намалува од 13 на 11,8 проценти, со цел усогласување со Законот за работно ангажирање на лица и поефикасна примена во пракса. Предлогот е поднесен од пратеници од владејачката коалиција и се очекува да биде усвоен по скратена постапка, без финансиски импликации врз државниот буџет.


