Берово: Усвоен Буџетот од 463 милиони денари за 2026 година

0
87

Со 14 гласа ЗА и еден воздржан, Советот на Општина Берово денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 463.000.000 денари. Буџетот е внимателно планиран и предвидува средства за тековни оперативни расходи (81%) и капитални инвестиции (19%), со посебен фокус на подобрување на инфраструктурата, образование, спорт, култура, социјална заштита и заштита на животната средина.
При неговото изработување, приоритетите произлегоа од директна комуникација со граѓаните, невладиниот сектор и заедницата.
-Како градоначалник, ќе се залагам за транспарентна реализација со редовно информирање на јавноста. Со заеднички напор, овој Буџет ќе овозможи стабилен развој и конкретни резултати за сите граѓани на Берово, истакна градоначалникот на Берово Петар Ружински.