100 амбулантни возила за македонскиот здравствен систем

0
107

Владата на Македонија донесе одлука за набавка на 100 нови амбулантни возила за македонскиот здравствен систем. Вредноста на набавката изнесува 7,5 милиони евра, а целта е да се обезбеди побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, како и подобра покриеност на здравствените услуги во урбаните и руралните средини.

Покрај ова, Владата го реши и прашањето со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој ќе биде запишан како државно земјиште. Ова ќе овозможи потпишување договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“, со што ќе се модернизираат капацитетите за паркирање, ќе се воспостави ред и ќе се обезбеди функционален, безбеден и организиран пристап за пациентите и вработените.