Владата на Црна Гора го укина привременото суспендирање на безвизниот режим за граѓаните на Турција, со тоа што дозволениот престој е намален од 90 на 30 дена, пренесува Н1.Ова е мерка за спречување на нелегалната миграција, а со цел да се усогласи со визната политика на Европската Унија, соопшти Владата. Владата наведува дека соработката со турските власти е подобрена, со спроведување на зголемени безбедносни и миграциски проверки. Одлуката предвидува намалување на дозволениот престој од 90 на 30 дена, со напомена дека во случај на проценка на безбедносните ризици, визниот режим може да се врати.
Од крајот на октомври, кога Владата ги воведе визите, речиси 9.000 турски граѓани ја напуштиле Црна Гора, а во истиот период биле одобрени 194 барања за виза за граѓаните на таа земја


