Грција трпи поради блокадите – откажани и до 50 отсто од резервациите во зимските дестинации

0
83

Поради блокадите на земјоделците низ цела Грција и отежнатиот сообраќај од почетокот на месецов, во некои популарни зимски дестинации во земјата, откажани се и до 50 отсто од резервациите
за празничниот период, пишуваат грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот „Та неа“ објави дека според хотелиерите од повеќе региони во централна Грција каде што се наоѓаат планински туристички дестинации, „загубите се веќе големи и не се ограничени само на деновите околу Божиќ и Нова година, бидејќи започнаа заедно со почетокот на протестите на земјоделците“.
Според податоците на грчката телевизија „Мега“, во одредени делови на Грција каде што првично исполнетоста била 100 отсто, поради откажувањата се намалила на 50-60 проценти.