Мицотакис не им попушта на земјоделците

0
100

За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис
на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис изрази надеж дека протестите ќе се смират и потсети дека во текот на следната седмица ќе бидат комплетирани сите исплати за земјоделците во вкупен износ од 3,8 милијарди евра, но и дека од 27 доставени барања од земјоделците 20 се веќе исполнети или дека може да се дискутираат.