Трамп именуваше специјален пратеник за Гренланд

0
129

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, објави Асошиејтед Прес.
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги брани интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници, а всушност и на светот“, рече Трамп.
Во првите месеци по враќањето во Белата куќа, Трамп постојано повикуваше на јурисдикција на САД над Гренланд, не исклучувајќи ја употребата на воена сила за преземање на контролата врз стратешкиот арктички остров.
Според Трамп, Гренланд е од клучно значење за безбедноста на Соединетите Американски Држави . Џеф Ландри ја презеде функцијата гувернер во јануари 2024 година. Неговиот мандат истекува во јануари 2028 година.
„Чест ми е да ви служам на оваа волонтерска позиција за да го направите Гренланд дел од Соединетите Американски Држави. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“, напиша тој на социјалната мрежа X.
Данска, сојузник на САД во НАТО, и Гренланд изјавија дека островот не е на продажба и ги осудија обвинувањата дека САД собираат разузнавачки информации таму.
Данската воена разузнавачка служба во извештај објавен претходно овој месец изјави дека САД ја користат својата економска моќ за „наметнување на својата волја“.